July 21, 2019 03:18
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија

Државата и граѓаните со секој поминат ден се се посиромашни. Индексот на трошоците за живот во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 1.5%. Додека трошоците растатат, платите стагнираат, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во 2018 година во однос на 2017 година е зголемено за 2.7%. Ова значи дека граѓаните со секое пазарување во маркет, бензинска станица, аптека или друга фирма со трговија на мало во просек плаќале повеќе од 2017 година. Во континуитет се зголемува бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија изнесува дури преку 500.000 граѓани“, обвинија од партијата.

Од таму додаваат дека државата само стагнира, економијата тоне, а луѓето имаат се помалку пари.

„Потребно е СДСМ што побргу да си замине за државата да може да тргне напред, со СДСМ на власт не очекува само сиромаштија и економски крах. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилата мора да бидат поразени. Зората мора да изгрее. Македонија заслужува да тргне напред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нови вести

Катица го изгубила вториот мобилен во Белград

Igor

Од 30 минути до еден час се чека на ГП Богородица

Daniela

Героски со порака до Фрики и Кики: Еве што треба да сторите во следните 48 часа!

Daniela