August 22, 2019 00:56
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека приватно здравство на Филипче не води грижа за здравјето на граѓаните

Повторно се докажа дека Министерот за приватно здравство Венко Филипче не води грижа за здравјето на граѓаните, а таа негрижа се плаќа со човечки животи, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„На Владата предводена од аболицираниот Зоран Заев е неспособна и требаше година ипол да ги изготви измените на позитивната листа на лекови, а во меѓувреме пациентите ги губат битките со болестите.

Поради негрижата на министерот за приватно здравство секојдневно се нижат трагедии.

СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.

Одговорноста за ова мора да ја сноси министерот. Наместо да се затскрива помеѓу соопштенија треба да излезе, да им се извини на граѓаните и да си даде оставка“ додаваат од партијата.

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor