October 28, 2020 18:57
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку новиот закон за ЈО сака да ги заштити криминалите на Заев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„СДСМ преку новиот закон за јавно обвинителство сака да ги заштити криминалите на Зоран Заев.

На СДСМ и Зоран Заев најмалку им одговара квалитетно решение на закон за јавно обвинителство, бидејќи по тој закон професионалната и независна институција би требало да не замижува туку да отвара истраги за сите наместени тендери, афери и скандали а криминалците од власта да одговараат за општиот грабеж.

Криминалци да одговараат.

Зоран Заев знае дека овој пат нема да се спаси со никаква аболиција или амнестија туку ќе одговара за сторениот криминал.

СДСМ и Зоран Заев по 12-ти април ќе одговараат за сторените криминали и злосторства. Одговорноста доаѓа заедно со обновата. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.“