February 28, 2020 02:41
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев продолжуваат со негрижата за здравјето на граѓаните

Соопштение до јавноста oд ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

„СДСМ и Зоран Заев продолжуваат со негрижата за здравјето на граѓаните.

Заев од опозиција ветуваше експресно решавање на проблемот, а сега од позиција носи популистички мерки од кои никој нема да има придобивка.

Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка мерка, бидејќи истата ќе биде достапна само за жители на неколку градови и определен број на граѓани.

СДСМ потроши три години а притоа не превзема ниту една мерка за да го спречи проблемот со загадувањето, затоа мора да си замине што побрзо тоа подобро и за државата и за граѓаните.

Многу наскоро доаѓа обнова на Македонија.“