March 27, 2019 02:25
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата

81 пратеник вчера донесоа срамна и незаконска одлука со која ја негираат волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 30 септември, кој не беше успешен и со тоа никој во државата нема легитимитет да постапува во спротивност на истиот, реагираа и денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ изврши незаконска, противуставна и насилна промена на уставното име на државата, се вели во нивното соопштение.

„Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз македонската држава и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.

Неправдата не смее да остане. СДСМ покажа дека ја води државата во погрешен правец. Токму затоа треба да си замине. ВМРО-ДПМНЕ бара распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа криминогена власт која и нанесе голем број на порази на државата и ја зацрни нејзината иднина да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ демантира: Амандманите на Дескоска ѝ се пратени во 16.19 часот

Igor

(Фото) Менкиноски и ги доставил амандманите на Дескоска во 20.19 часот

Igor

Заев: Нови рекорди на странски инвестиции – 624,5 милиони евра

Igor