October 26, 2020 02:54
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го одби амандманот пензионирањето во АРМ да биде или со 40 години стаж или со 55 години старост

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„СДСМ  ги злоупотребува законите за свои цели. СДСМ по којзнае кој пат ја покажа својата лицемерност.

При носењето на Законот за служба во АРМ, пратеничката група на СДСМ го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, кај што предвидуваше пензионирањето на вработените во АРМ да биде возможно или со 40 години стаж или со 55 години старост.

Доколку СДСМ го прифатеше амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, практично СДСМ ќе ги пензионираше своите партиски кадри.

Постапките на СДСМ во однос на овој закон единствено укажуваат дека за нив партизацијата и де-професионализацијата на одбранбените структури се наоѓа многу повисоко на нивната листа на приоритети споредено со професионализацијата и борбената готовност.

На 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи тогаш ќе започне обнова и на Армијата на Република Македонија. А, граѓаните на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев никогаш повеќе.“