November 29, 2022 06:01
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги манипулира граѓаните со лажни проекти

Неколку дена по ред Царовска и Заев ги лажат вработените во градинките. Ветуваат покачување на плата, а на почетокот на годината им ја намалија за околу 900 денари. Причина за намалувањето на платата на вработените од градинките не им ги појаснија. Царовска како и нејзиниот шеф Заев вршат дискриминација на вработените по градинките. Единствена премолчена вистина од страна на СДСМ е дека покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС. Лагите на СДСМ одамна се прочитаа, граѓаните веќе не им веруваат. Поради овие лаги Царовска не заслужува да е министер, а Заев премиер.

Реално покачување на платите и подобар живот за граѓаните ќе има кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори.