April 23, 2019 00:27
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат масовните вработувања во јавните претпријатија во Охрид

СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи, обвини Перчо Божиновски шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„На денот кога се распишаа претседателските и локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран. Масовното вработување во јавните претпријатија непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни претпријатија“ рече Перчовски.

Тој го повика Георгиески да одговори дали заедно со директорите спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатија?

„СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни. Ветуваа дека нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ.
Кога лажеа повеќе, тогаш кога ги уверуваа охриѓани дека има превработеност или сега откако веќе една година е зголемена цената на вода за да се плаќаат новите партиски вработувања со парите на граѓаните?“ истакна Перчовски.

Ова е уште еден доказ, нагласи тој, дека СДСМ нема намера да реализира ниту еден проект, туку само ги интересира криминал. Го повика Георгиески да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на сите граѓани на Охрид.

Нови вести

(Видео) Нови пожари вечерва има на струшкото кражбрежје

24news

Силјановска Давкова задоволна од првиот круг, ќе ги бара гласовите и на бојкотирачите и на разочараните од власта

24news

Дац му подари метла на Заев за чистка

Filip