February 3, 2023 20:05
Македонија Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: По Ленин да се повлече и Сталин, а не да се закануваат дека со специјалци ќе газат луѓе

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Коалицијата Тачела да го реши проблемот со превозниците кои сами го креираа, по Ленин да се повлече и Сталин, а не да се закануваат дека со специјалци ќе газат луѓе

Коалицијата Тачела обединета околу бизнис профитерските интереси функционира на дело.

По Ленин треба да се повлече и Сталин, односно наместо закани дека превозниците ќе се прегазат со специјална полиција, да излезе коалицијата Тачела со решение за јавниот превоз.

Коалицијата Тачела да го реши проблемот кои самите го креираа, неисплаќајќи им ги заработените средства на приватните превозници.

Скопје е жртва на бизнис интересите на коалицијата Тачела.