September 14, 2019 09:59
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на СДСМ ги туркаат граѓаните во сиромаштија

Политиките на СДСМ ги туркаат граѓаните во сиромаштија. Заради тоа 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата, а секој ден се повеќе граѓани доаѓаат во ситуација да не може да го поминат месецот поради растот на цените.

Патем да беа СДСМ навистина загрижени за социјално ранливите категории на граѓани ќе ги прифатеа амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално им се помагаше на најзагрозените семејства во државата.

СДСМ не прифати секое домаќинство кое користи  гарантирана минимална помош да остварува паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари. СДСМ не прифати да продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и на не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

СДСМ не дозволи користење на услугата помош и нега во домот доколку, истовремено се користи услугата лична асистенција.

 

Нови вести

СДСМ: Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ единствено сакаат да се заташка криминалот на режимот

Igor

Традиција во изумирање: Правењето домашно вино најдобро за дружба

Valentina

ВМРО ДПМНЕ: Заев и СДСМ се ставаат во заштита на криминалот

Igor