Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: План од скандалозни 175 нови партиски вработувања во изборна година се сламката за спас на мрзеливиот Шилегов

Додека фирми се затвараат и вработени се бркаат од работа, Шилегов партиски вработува.

Мрзливиот градоначалник Петре Шилегов  планира скандалозни 175 нови вработувања во ЈСП за конечен распад на претпријатието кое и така опстојува благодарение на субвенциите од градот Скопје.

175 нови партиски вработувања во изборна година се сламката за спас на мрзеливиот Шилегов.

Овој план за вработувања е доставен на разгледување до советниците на град Скопје на денешната седница, при што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе гласа против.

Најголем дел од овие вработувања се администрација, а многу помал дел се возачи кои се неопходни на претпријатието. Покрај 175 нови партиски вработувања, планирани се и нови 95 унапредувања кои чинат дополнителни финансии, а само 41 пензионирање.

Најголемиот дел на планирани вработувања се за администрацијата на директорот, а многу помалку онаму каде е неопходно, а тоа е зголемен број на возачи.

Па така мрзеливиот градоначалник Шилегов вработува нов оперативен директор на кому ќе му бидат исплатени плати од 245 илјади денари до крајот на годината.

• Советник на директорот за примена на законот за јазици кој ЈСП до крајот на годината ќе го чини 332 илјади денари.

• Двајца соработници за секундарна продажба кој ЈСП ќе го чинат до крајот на година 310 илјади денари.

• Инженер за инвестиции кој ЈСП ќе го чинат 175 илјади денари.

• 7 хигиеничари кои ЈСП ќе го чинат 900 илјади денари.

• Раководител на сектор финансии кои ЈСП до крајот на годината ќе го чинат 245 илјади денари.

• Сметководител со плата до крајот на годината од 185 илјади денари.

• Работник за обезбедување на имот и лица. Работник за изгубено најдено. Помлад соработник за правни работи,  соработник за човечки ресурси, референт по статистика, раководител на одделение за општи работи, виш соработник за информатика и слични работни места се на списокот на Шилегов.

Шилегов знае дека е ги загуби изборите и е нервозен и исплашен. Ова преставува класична злоупотреба на институции и конечен распад на ЈСП.

AnimeTV famous anime tv shows: Watch DARLING in the FRANXX Episode 1

AniWatch watch anime online: Hori-san to Miyamura-kun Episode 4