October 14, 2019 01:06
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на криминалот, СДСМ  пријавува незаконско работење и е партнер со земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ  партијата симбол на лаги, невистини  и дезинформации продолжува во нивни познат стил да го штити криминалот. За разлика од нив, СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика дали извршителот на незаконските дејствија е член на Управен, Надзорен одбор или има каква било функција и е за бескомпромисна борба против криминалот.

Уште една од низата лаги пласирани во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ е  дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здружениjа на тутунопроизводители.

Напротив, вистината е  дека уште пред точно седум месеци, случајот бил пријавен до финансиската полиција од страна на тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Заврши времето кога партијата на власт е и полиција и суд и обвинителство. Заврши и времето на притисоци, уцени, закани и манипулации кон земјоделците, заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Владата која ја предводи изгради  партнерски однос со земјоделците. Денес имаме неселективни  и навремени субвенции, како и исплатени заостанати долгови, насобрани со години.

Над 1 милион евра се исплатија на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. А лозарите кои имаат развоен потенцијал веќе добиваат поголеми субвенции за 20% за одржување на нивните лозови насади. Преку мерката  млад земјоделец, ги охрабруваме младите земјоделци се занимваат со земјдоелство и да развиваат сопствен бизнис. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците и земјоделството, а СДСМ работи во насока на негово унапредување и развој, се вели во реакцијата од СДСМ на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ изнесени од Цветан Трипуновски.

Нови вести

Макрон вечераше со Меркел, Сирија главна тема на разговор

Igor

Јанева утре заминува од болница, се враќа во притвор

Filip

Никаков датум за преговори да не им се дава на Северна Македонија и Албанија, смета Франција

Filip