November 14, 2019 13:29
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од понеделник низ општините ќе ги разоткриваме измамите на градоначалниците

ВМРО-ДПМНЕ најави дека почнувајќи од понеделник, па во наредниот период преку низа активности во оштините ќе зборуваат за „измамите на локалните градоначалници, а дополнително преку трибини на Комисиите на партијата ќе укажуваат и на последиците од неработењето на градоначалниците врз општините и врз граѓаните“.

Владимир Нелоски од опозициската партија, денеска пред новинарите обвини дека во изминатите две години во кои СДСМ имаат речиси апсолутната власт во локалната самоуправа, резултатот е нула. Тој рече дека измамите се главна одлика, а нема ниту еден проект за граѓаните и мерка што ќе остане запаметена.

„Градоначалниците на Заев за две години потрошиле 65.7 милиони евра на непродуктивни трошоци, а нула бенефит за граѓаните. Шилегов, Петровска, Марин и другите градоначалници ветуваа експресно решавање на проблемот со загадениот воздух. Две години потоа загадувањето е 3.5 пати поголемо. Градови како  Скопје и Битола се гушат во загаден воздух, нарушено е здравјето на граѓаните а тоа оди на совеста на оваа власт. Две години со прст немаат мрднато во насока на решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.. Скопје лани беше на листата на пет најзагадени градови во светот, а истата ситуација не очекува и оваа година. Ветија зголемување на зелените површини, а за две години исекоа 10.800 дрва. Забрзано се сечат дрва во Аеродром, Центар, Карпош. Се сече на секаде, а власта е во трка за парцела повеќе, за бизнис за своите пајташи“, рече Нелоски.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува и на зголемување на давачките. Во поголем број од општините, вели Нелоски, накачена е цената на водата. Граѓаните сега плаќаат поскапи сметки за вода отколку пред две години. Поскапе и паркингот, поскапеа и другите давачки, додаде тој.

Нови вести

Мицковски: Промената на името не беше услов за членство во НАТО

Valentina

Арсовски: Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата

Valentina

Стоилковски: Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Македонија

Valentina