April 2, 2020 20:23
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Неказнетиот криминал е поопасен, а најопасен за правдата е Заев

Соопштение до јавноста, реакција на одговорот на Зоран Заев кој се однесуваше на Христијан Мицкоски

„Неказнетиот криминал е поопасен, а најопасен за правдата е Заев, зошто ја убива во цело. Околу реформираноста Заев не може да се пофали, тој и Шекеринска се во политиката од времето на транзицијата, но крајот на нивните кариери е на овие избори.

Македонија не смее да има премиер кој крои обвиненија и диктира судски пресуди.

Македонија не смее да има премиер кој функционира по принципите трас-трас пресуда,  му помогнавме на Боки, Катица е запознаена и едно евро за Вицето- едно за црквата.

Македонија не смее со Заев, затоа што Заев е опасност за државата, правниот систем и економијата. Заев е готов. Заев е правдоубиецот и казната стига на 12 ти април.“