August 13, 2022 18:25
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии

Денес, на пленарната седница на Собранието на Република Македонија парламентарното мнозинство ја изгласа потребата од измени и дополнување на Законот за работни односи во скратена постапка, со европско знаменце, а кои имаат единствена цел да го продолжат мандатот на судиите и јавните обвинители.

Се работи за измена која според  нас е крајно проблематична и дискриминаторска.

Имено, со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.

За да се продолжи мандат на судии и јавни обвинители, истото треба да се уреди во Закон за судовите и Законот за јавното обвинителство. За промена и измени на овие закони потребно е двотретинско мнозинство. Останува големото прашање зошто министерот за правда Тупанчевски дозволува споменативе закони да бидат суспендирани и промени кои што се однесуваат на судската власт, овде во Собранието да се шверцуваат во закони кои не смеат  да го регулираа тоа.

Во уставот, не случајно е утрврдено дека споменатите закони се носат со двотретинско мнозинство.

Судската власт мора да биде независна, а не слуга на власта. Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии со закон предложен од Владата, а потпишан од Артан Груби.

Интегрален текст од изјавата за медиуми на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ