March 8, 2021 12:47
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 55.000 работници на улица и 1.5 милијарди евра зголемен долг, ова е економската способност на СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

-Коста Костадинов подобро да објасни за парцелата на Водно за која медиумите пишуваат дека е поврзан и путерот на главата, отколку да се обидува да манипулира дека блескаме.

Зоран Заев е најнеуспешниот премиер кој успеа за само една година да остави 55.000 луѓе без работа.

Апашлукот на Заев нема крај. Тој за една година го зголеми долгот за 1.5 милијарди евра, а економијата и граѓаните не видоа никаков бенефит.

Наместо поволности и ослободувања, имаме нови давачки, како новите патарини на автопатот Скопје – Штип.

Нема нови инвестиции, па затоа се презентираат комерцијални преземања на фирми како странски инвестиции, нешто што е редовна пракса во светот и се случува секој ден, Владата го претставува како врвен дострел. Жално и срамно.

Костадине, а да кажеш нешто за парцелата на Водно?

Our Last Crusade or the Rise of a New World Episode 12 at Crunchyroll crunchyroll one month free trial

Watch Fire Force Season 2 Episode 13 (https://animeflix.nl/m/LeDm/ep-13) at website https://animeflix.nl. See more fairy tail animeflix