January 21, 2020 15:54
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов нека го праша Заев зошто дозволи еден од убијците од Монструм да избега

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

„Костадин Костадинов наместо да држи празни прес конференции, нека го праша Зоран Заев до каде е пресудата за случајот Монструм и зошто дозволи еден од убијците да избега.

Костадин Костадинов треба да одржи една прес конференција пред МВР  и да го праша Оливер Спасовски до каде е истрагата за убиецот на Мартин Јанушев, до каде е истрагата за напаѓачите од Рузвелтова, зошто ниту едно убиство не е разрешено!?

Што се однесува до случајот со Томислав Димитровски, тоа е приватна случка, која МВР треба да ја истражи и да постапи согласно закон.

Граѓаните очекуваат и истраги и процесуирање на криминалите на оваа власт, но тоа СДСМ не може да го спроведе, тоа ќе го спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ  по 12  април. Кога секој што се огрешил кон законите  ќе одговара за стореното.“

Нови вести

Зелен фронт: Мислевме дека објавата на шведската амбасада во Сараево како Скопје го намалило загадувањето е фејк њус

Igor

Макрадули: Проектот за клима инвертери за граѓаните стартува денеска

Igor

Законот за ЈО е важен за зајакнување на правната држава и треба да биде донесен

Igor