Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски има влада напишана од Заев

Легитимитетот на владата на Ковачевски од старт е изгубен, оценува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пиунот Ковачевски, како што велат од таму, беше инсталиран од страна на неговиот ментор Зоран Заев.

„Тој беше поставен и во партијата како поклоник на Заев, опкружен со стари и истрошени кадри, а гледаме дека беше октроиран и во владата. Заев му ја преговараше, Заев му ја составуваше, Заев му ја одобри владата, а пиунот Ковачевски е само спроведувач. Затоа владата на пиунот Ковачевски е влада на заевизмот со целиот континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста“, се потенцира во писмената реакција.

Истите кадри кои ја клекнаа државата на колена, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја пропаднаа економијата, кои создадоа невидена енергетска криза, кои ја направија Македонија најкорумпирана држава во Европа со најсиромашен и најнесреќен народ, истите тие кадри не може да бидат решение и иднина.

„Ако се види дека во владата остануваат Спасовски, Николовски, Мариќиќ, Битиќи, Бочварски и сите кадри на ДУИ, јасно е дека со оваа влада Македонија ќе тоне во агонија уште неколку месеци. Овие луѓе се синоним за неспособност кои беа дел од крими екипата на претходната влада на заевизмот. Ваквата влада нема иднина и таа мора да замине што поскоро. Само на предвремени парламентарни избори може да биде целосно поразен заевизмот за добро на Македонија“, е посочено во писменото соопштение.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

english dubbed anime To Your Eternity

AniWatch Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1

english dubbed anime My Hero Academia Season 2

anime online AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

sites to watch anime 6 LOVERS