December 7, 2022 21:56
Македонија

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и сите стратешки одлуки на земјата

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е против сите стратешки одлуки кои што земјата ги има донесено од своето осамостојување до денес.

Тие беа против зачленувањето во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, преговарачката рамка.

Секогаш ВМРО-ДПМНЕ е против, но не гласаат против, туку ја напуштаат Собраниската сала, а потоа се затскриваат зад граѓаните со барање на одредени иницијативи, референдуми.

Од 17-те години чекање за почеток на преговори за членство во ЕУ, 11 години на власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

Тие деструктивни 11 години, ВМРО-ДПМНЕ на Груевски, од една страна беше декларативно за зачленување во НАТО и ЕУ, а од друга страна правеше се тоа да не се случи.

И сега Мицкоски продолжува по стапките на Груевски, со опструкции и блокади да го запре процесот на евроинтеграциите.

СДСМ нема да дозволи блокада, ги започнавме преговорите за членство, продолжуваме по европскиот пат.

Македонската иднина е европска и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да ја загрозат.