January 24, 2021 03:15
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Левица: Наместо натпартиски протест, борба за превласт и дебакл

Десетина членови/симпатизери од партијата Левица на социјалните мрежи се жалат дека беа дискриминирани од стотината членови/активисти од ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот (над)партиски протест кој официјално беше организиран од Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Република Северна Македонија истакнал дека протестот е на народот.

„Ве молам сите да го гледате како протест кој е натпартиски во кој мора сите да се обединиме. Ќе победиме ако сме обединети“, нагласи Мицкоски.

Неколкумината левичари, вчера „5 до 12“ решија официjаlно да се приклучат на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада, а потоа споделуваа информации дека Мицкоски се приклучил на „нивниот левичарски протест“ оти немал поддршка од членовите.

Членот на Левица, Бобан Кочовски на Фејсбук објавил дека лидерот на опозицијата Мицкоски го киднапираше надпартискиот протест и откако изразиле негодување протестот да биде партизиран, членови/симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ дошле физички да се пресметуваат со членовите на Левица.

Симпатизерите на Левица, брендирани со маици и знамиња на партијата, се жалат дека вчерашниот протест бил партиски наместо да е натпартиски, узурпиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така на „надпартискиот протест“ членовите на Левица наместо да го скандираат името на државата, за што и беше организиран протестот, тие го скандираа името на партијата, при што објавија и видео на социјалните мрежи.

Мери Гергиевска на Фејсбук пишува дека на вчерашниот протест вмровците не му дале збор на лидерот на Левица.
„Да беше Гоце Делчев жив, се сомневам дека ќе му дадевте микрофон на протестот вчера. Срамота е што не му отстапивте говор на Димитар Апасиев“, пишува таа.
Лидерот на Левица, тврди дека бил на вчерашниот протест само за да го слуша гласот на народот.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ организира протести во неколку градови, останува прашањето дали и Левица повторно ќе протестираат во исто време и на иста локација со ВМРО-ДПМНЕ или ќе организираат свои протести…

извор CivilMedia.mk, автор: Дехран Муратов

That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD (Dub) Episode 5 at website https://animeflix.nl. See more animeflix food wars

Naruto: Shippuden Episode 500 at AnimeFreak anime freak attack on titan