December 1, 2022 17:09
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Иницијативата на Андонов е дефокус на власта од енергетската и економската криза

Сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар, и преставува дефокус на власта од енергетската и економската криза

ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и партија која ја декласира СДСМ на последните избори.

ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети и ја има убедливата поддршка од граѓаните кои бараат промени во власта. Секако тоа го стимулира амбициите на луѓе и поединци кои се насочени исклучиво кон добивање на функции и позиции, а кои откако нема да ги добијат стануваат жестоки критичари и на тој начин сакаат да влезат во фокусот.

Нормално бидејќи на власта и е потребно дефокус од скандалите, од дезертерствата, инфлацијата и енергетската криза совршено во тој план се вклопуваат таквите поединци и разно разни нејзини инсталации и уценети поединци на кои ќе им дадат гласност. Како резултат на сѐ  поочигледната кадровска и програмска индиферентност на СДСМ, не би нѐ изненадило и други ликови од темниот полусвет на македонската политика да ги злоупотреби за да создава некаков привид за наводно неединство во ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар. Му посакуваме среќа и немаме што друго да додадеме.

Прашањето на национален консензус е следниот драматичен пораз на политиките на Заев и Ковачевски, по што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста да ја врати Македонија на патот на пристојноста, чесноста и подобриот живот за сите.