January 29, 2023 14:04
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Илјадници граѓани во над 40 општини предлагаа идеи за развој, буџетите се креираат отворено и транспарентно

Илјадници граѓани во над 40 општини предлагаа идеи за развој, буџетите се креираат отворено и транспарентно.

На 3 и 4 декември, за прв пат во Македонија се одржа организиран проект во над 40 општини за собирање и дискутирање на идеи за проекти од граѓаните до општините.

Прв пат до сега масовно се вклучуваат граѓаните со идеи за проекти, кои ќе бидат дел од решенијата на нивните проблеми и потреби.

Илјадници наши сограѓани во саботата и неделата ги посетија општините и дадоа свои идеи за проекти, а кои ќе бидат опфатени со буџетите за 2023 година.

Граѓаните можност да предложат идеи за проекти ќе ја имаат и во наредните неколку дена преку страната budzeti.mk, или следниот викенд односно 10 и 11 декември, во период од 11 до 14 часот во општината во која живеат.

Градоначалниците и нивните тимови ќе ги разгледаат идеите и истите ќе ги опфатат со предлог проекти.

ВМРО-ДПМНЕ воведува новитети. Буџетите директно ќе ги правиме со граѓаните. Зошто тие знаат што им е најпотребно. Така ќе функционира и идната влада.