July 11, 2020 15:09
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговите лаги ги доведе граѓаните до питачки стап

Три години Заев и СДСМ на власт, три години измами, криминал и пропаѓање. Лагите на Заев и СДСМ со секој изминат ден стануваат се поочигледни.

Благој Бочварски по три години призна дека Зоран Заев и СДСМ лажеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид.

Зоран Заев преку ширење на лажни вести три години ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид.

Три години владата на СДСМ ја стопираше изградбата автопатот Кичево – Охрид, за да можат да склучат нови анекси на договорот тешки 180 милиони евра.  Изградбата на овој автопат тапка во место. Како што беше оставен во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, така е сега.

Зоран Заев и СДСМ три години ја лажат и ја манипулираат јавноста. Три години си играат со животите на граѓаните на Република Македонија.

Зоран Заев со неговите лаги ги доведе граѓаните до питачки стап, а младите ги исели надвор од државата.

Време е да се стави крај на лагите на Зоран Заев и неговата влада. Време е да започне обнова на Македонија. Таа обнова ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12-ти април, на предвремените парламентарни избори.

Се ближи крајот на Зоран Заев и неговата криминална влада.