January 27, 2021 17:07
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговиот Филипче само лажат, сега за вакцините и за ивермектинот

За каква контрола на ситуацијата со КОВИД-19 зборува СДСМ?!

Во сите држави во регионот веќе стигна и втора тура на дози од вакцините против корона, во Македонија, Заев и Филипче не успеаја да набават ни прва, а не пак да почне вакцинација.

Од СДСМ лажат дека се обезбедени 800 илјади дози вакцини за 2021 година, па нели Филипче рече пред некој ден дека се обезбедени милиони и двесте илјади вакцини или за милион и двесте илјади граѓани.

Или нивниот Филипче кажа дека ќе има вакцини кои ќе се набават по три механизми и дека очекува 833 илјади дози од КОВАКС, потоа 800 илјади директно од Фајзер, и 800 илјади од канцеларијата на Европската делегација. Ама не знае го знае терминот. И се додека не го знае терминoт за старт на вакцинација се е џабе или лага.

И додека Филипче, а и Заев само се вплеткуваат во своите лаги денес па утре, па во февруари ќе има вакцина, има починати повеќе од две илјади и шестотини граѓани од корона.

Исто како и за вакцината, така и за лекот ивермектин за кој има студии дека помага во лечењето, требаше да го има веднаш по Нова Година, за да во петокот Филипче рече ќе го има за две недели. Дали и овој лек ќе ја има истата судбина како и вакцините?

За ова одговорност мора да има.

The Quintessential Quintuplets 2 (https://animeheaven.pro/m/xpEv) Episode 2 at website https://animeheaven.pro animeheaven dragon ball z

Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 25 (https://gogoanime.be/m/ZXMD/ep-25) at GoGoAnime gogoanime mobile