April 8, 2020 10:40
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали Kасами се уште мисли дека Заев е измамник

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја искоментира предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА, укажувајќи дека лидерот на БЕСА, Биљал Касами за лидерот на СДСМ Зоран Заев претходно кажал: „Тој е измамник кој не си стои на зборот“.

Два месеца потоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Касами коалицира со истиот тој измамник.

„СДСМ и БЕСА денес формираа коалиција за пораз на изборите на 12 април. Коалицијата е спој на луѓе без јасни и конкретни ставови. Зоран Заев е човекот кој од Македонија направи хибриден режим, оваа коалиција е за создавање на целосен режим. Зоран Заев е човекот, главата на криминалниот октопод, шефот на мафијата. Тој е човекот под чии диктат се носат судски одлуки и се кројат кривични постапки. Заев е човекот зад криминалот, корупцијата и рекетот, поради кои Македонија падна за 13 места на индексот на корупција на Транспаренси.

Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење.
БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби.

Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.