August 15, 2022 18:11
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ жестоко одработува за странски интереси, свесно шират невистини за отворените прашања со Бугарија и францускиот предлог

Во изминатиот период целата јавност, сите граѓани, се сведоци на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој се уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции.
Ова крајно неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е штетно за државните позиции и нашите националните интереси.
Очигледно Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не и мислат добро на нашата земја, диригирани од анти ЕУ и анти НАТО центри на моќ.
Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на Македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура.
Знаеме дека многумина тоа го посакуваат тоа, посакуваат и политичка дестабилизација и држење во неизвесност на цел еден народ, но ништо од тоа нема да се случи.
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи:
Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања;
Секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

 

tải sunwin apk tải sunwin game sunwin

sunwin web tải sunwin sunwin apk

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin tài xỉu

tải sunwin

sunwin