December 1, 2021 13:01
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е занемена од проектите на Шилегов и затоа секој ден лаже – суши

Додека ВМРО-ДПМНЕ конструира непостоечки случки, Скопје забрзано се развива, затоа ги чека нов пораз на 17 октомври
ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да конструира случки, да шири лажни вести и невистини во надеж дека со тоа ќе го ублажат извесниот пораз што ги чека во Скопје.
И додека ВМРО-ДПМНЕ со денови ја замајува јавноста со непостоечки скандали, Скопје продолжува забрзано да се гради и развива. Само за десеттина денови реализирани се важни инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот и ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот.
Реконструиран е булеварот Крсте Мисирков, улицата Бутелска а во завршна фаза е реконструкцијата на патот до село Бојане во општина Сарај.
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ е занемена од работата и проектите на Петре Шилегов па затоа секој ден лаже суши.
Секому му е јасно дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ губи убедливо во Град Скопје, дека Град Скопје предводен од Петре Шилегов ќе продолжи да се гради и развива и во следните четири години.