January 29, 2023 13:57
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски: Блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии во џебот на скопски сметководител

Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови.

Тендерот за набавка на нафта во ЈСП е потпишан од директорот Александар Стојковски, кадар на СДС, а фирма добитник е во сопственост на пратеник коалициски партнер на власта Пуцко Петрол.

Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема.

Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А, цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба.

Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14.500.000 литри како да купува 50 литра.

Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1.4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС.

Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии?

Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга?

Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема.

Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП?

На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје?

Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје.