December 4, 2022 19:22
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ едно зборува, друго прави, да ги одблокира законите важни за справување со кризата

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Во време на глобална економска и енергетска криза, исклучително е важно функционално собрание и заедничко делување во интерес на граѓаните, на економијата и државата.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, со својата работа и поддршка на мерките и политиките обезбеди помош за граѓаните, компаниите, ранливите граѓани, училиштата, општините, болниците.

Во пресрет на најтешката зима обезбедена е храна, енергенси, парно. Струјата се субвенционира за сите граѓаните во висина од 80% од сметките за струја.

Македонското собрание е место каде што сите политички партии треба да покажат дека се грижат и работат за граѓаните и за државата.

Но гледаме дека тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат а друго прават. ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите на законите кои се важни за полесно справување со предизвиците од кризата. Во Собранието кочат над 50 законски решенија.

Ова е уште една потврда за лицемерието и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за задолжување во европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за нормално работење на ЕСМ во услови на криза.

Не е првпат вака да се однесуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои дејствуваат единствено за интересите на партијата, а никако за интересите на граѓаните.

Така беше и со Законот за средствата од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје, кој ВМРО-ДПМНЕ го блокираше се додека градоначалник на Скопје не стана нивната Данела Арсовска.

На крајот самите меѓу себе за овој тендер и се испокараа, јавно обвинувајќи се за сторен криминал.

Слично пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски постапуваа и за Законот за заем за поврзување на локални патишта.

Цела година го блокираа, се додека ВМРО-ДПМНЕ не доби градоначалници во мнозинството општини, па потоа притискаа тој што побрзо да се донесе.

По неколкумесечни блокади, ВМРО-ДПМНЕ има можност да застане на страна на интересите на граѓаните. Неодговорното однесување да го замени со работа за граѓаните.

Блокадите на македонското Собрание треба да прекинат, да се обезбеди ефикасност во носење на законите и поддршка на клучните закони за енергетската криза.