July 12, 2020 13:43
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Единствена вистина е дека лагите и криминалите на СДСМ излегуваат на виделина

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Единствена вистина е дека лагите и криминалите на СДСМ излегуваат на виделина.
Скандалот што вчера го обелодени ВМРО-ДПМНЕ беше уште еден од низата докази дека СДСМ склучува незаконски тендери.

МВР додека беше под Оливер Спасовски под сомнителни околности на крајно незаконски начин склучил договор за набавка и испорака на пасоши и документација за лична идентификација во вредност од на 19,5 милиони евра за период од 2020 и 2021 година.

Исто така Комисијата за донесување на оваа јавна набавка брои 7 членови, од кои 1 Претседател и 6 членови, и уште 7 заменици членови, односно 1 заменик претседател и 6 заменици членови. Најверојатно дел од овие членови не им биле по теркот на СДСМ и на Оливер Спасовски и најверојатно не сакале да замижат и да го аминуваат тековното прекршување на постапките, па така на 2 октомври 2019-тата година, кога веќе трае постапката за оваа јавна набавка се менуваат 5 од 7-те членови кои што се редовни и 4 од 7-те заменици членови во комисијата.

Времето на СДСМ, на Зоран Заев, на Оливер Спасовски минува. На 12-ти април ќе има одговорност за сите криминали. И граѓаните на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.