November 14, 2019 13:27
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Демолирањето на споменикот на децата бегалци е акт на најголем вандализам

Демолирањето на споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена  борец“ во очи 11 октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание во Македонија е акт на најголем вандализам.

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на споменикот, кој претставува симбол за сеќавање на една голгота на македонскиот народ во минатото.

Овој споменик е спомен и почит за егзодусот на над 20.000 деца од Егејска Македонија извршен во период од 1946 – 1949 година.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до властите да почнат  да си ја вршат работата за која што се платени и да го чуваат државниот имот. Недозволиво е власта да дозволува секојдневно уништување на спомениците и друг вид на државен имот, а никој за тоа да не сноси одговорност.

Нови вести

Мицковски: Промената на името не беше услов за членство во НАТО

Valentina

Арсовски: Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата

Valentina

Стоилковски: Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Македонија

Valentina