December 9, 2022 01:17
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине блокадата во Собранието и да ги поддржи законите за енергетската криза

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во изминатиот период покажа одговорност и посветеност во справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

Со поддршка на пратениците од мнозинствово, македонското Собрание поддржа низа на мерки и политики предложени од Владата за помош на граѓаните, компаниите, ранливите категории граѓани, но и за училиштата, општините, болниците.

Во пресрет на најтешката зима обезбедена е храна, енергенси, и парно греење, струјата се субвнеционира до 80% за граѓаните и за 72.000 компании.

Ова е период кога во Собранието треба да се соработува, да се дејствува заеднички во интерес на граѓаните, на економијата и државата.

Очекуваме тоа да го препознаат и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да прекине блокдата на Собранието.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сега треба конечно да се откажат од блокадите на Собранието.

Повикуваме на деблокада и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на законите кои се битни за поефикасно справување со кризата, но битни и за напредокот на нашата држава

Тука се пред се измените на Законот за енергетика, за енергетска ефикасност и Законот за градба, со кој се олеснува поставувањето на фотоволтацили, но и други закони.

Понатаму, поддршка и деблокада на Предлог законото за гаранција на обврските за заем и финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ во услови на енергетска криза од ЕБОР. Надлежната комисија се уште нема свикано седница.

Законот за нафта и нафтени деривати, како и спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост и нивна прераспределба кон ставки кои се однесуваат на справување со енергетската криза.

Сите овие законски измени се важни за последиците од кризата да бидат пребродени што поефикасно и со што помалку штета врз граѓаните, врз стопанството и врз енергетскиот сектор.

Над 50 закони се закочени во Собранието и тоа е неодговорно во време на криза.

По неколкумесечни блокади, ВМРО-ДПМНЕ има можност да се престрои на страна на интересите на граѓаните, конечно да покаже одговорност и да се вклучи во процесите.

Државата, граѓаните, немаат време за губење, повикуваме да прекинат блокадите на македонското Собрание, да се обезбеди ефикасност во носење на законите и поддршка на клучните закони за енергетската криза.