February 21, 2020 05:18
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ:  Да сакаше СДСМ пензиите реално да растат, тогаш ќе го вратеше старото решение за редовно покачување на пензиите

Да сакаше СДСМ пензиите на пензионерите реално да растат, тогаш ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се врати старото решение за редовно покачување на пензиите. Со ова решение се предвидува 50% од растот на пензиите да отпаѓа на порастот на исплатената плата на сите вработени во Македонија.

Ако не ја укинеа оваа одредба во законот тогаш просечната пензија ќе изнесуваше во просек за 575 денари повеќе по месец од тоа кое што сега СДСМ се обидува да го прикаже.

Бројките и фактите покажуваат дека СДСМ всушност им скратиле во просек по 6900 денари на пензионерите во изминатиот период, ако се земе предвид просечната пензија. Ваквото кратење на одредба од законот со која 50% од  растот на пензиите да отпаѓа на порастот на платите удри директно по џебот на пензионерите и нивните семејства.

СДСМ и Заев се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следи одговорност. Заев никогаш повеќе.