December 5, 2022 22:19
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ да не фабрикува лаги, да го повика Мицкоски да ја отстапи струјата од неговите хидроцентрали на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ да го повика Христијан Мицкоски струјата која е произведена во неговите хидроцентрали бесплатно да ја даде на домаќинствата.

Наместо да фабрикува лаги ВМРО-ДПМНЕ нека го повика Мицкоски да даде конкретна поддршка на граѓаните, наместо да ги полни џебовите од фактурите за продадена електрична енергија.

И во време на криза и години претходно Мицкоски се богател на земјиште доделено од неговиот шеф Груевски.

Ете колку Мицкоски е загрижен за енергетската и економската состојба во државата.