December 6, 2019 19:04
Македонија

ВМРО- ДПМНЕ: Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас

Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата е да бидат поразени.

Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот рекет, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.

Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со понаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период.

Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени.

Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен.

Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт.

Нови вести

Венецијанска комисија препорача да се преиспита законот за јазиците и напуштање на одредбите за двојазичност во судските постапки

Filip

Заменик-министерот Павлески работно ги посети Градско и Демир Капија

Filip

Филипче за НОВА: Бев во домот на Јовановски, од средбата не излезе ништо

Filip