April 5, 2020 03:13
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги дели граѓаните, СДСМ ги обединува

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а раководена од Никола Груевски е партија симбол на поделбите, на конфликтите на кавги надвор и дома. 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, создаваше поделби меѓу граѓаните и ја држеше државата изолирана. Таквата матрица на поделби, конфликти и раздор меѓу граѓаните, денес се уште е силно присутна во белиот дворец зад мене.

https://youtu.be/c7iDoV8dMFM

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, под превезот на лажен патриотизам ВМРО-ДПМНЕ и денес работи на поделби на граѓаните и сака да ја врати државата назад. За разлика од нив, СДСМ како одговорна партија продолжува да работи во интерес на сите граѓани и останува предводник на концептот едно општество за сите.

СДСМ е партија на сите граѓани и работи на постојано унапредување на меѓуетничките и меѓучовечките односи. Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што се обидува да го создаде ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на 12-ти април гласачите ќе направат разлика и ќе застанат зад политиките на заедништво и соработка што ги промовира СДСМ.

На 12 април следува нов пораз за поделбите што ги промовираат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.