July 10, 2020 04:37
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во последниве 7 дена во Македонија има најмногу заразени и починати од Ковид-19, а најмалку направени тестови

Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот.

Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена:

Македонија – 4,73%

Бугарија – 2,52%

Србија – 1,62%

Хрватска – 0,21%

Грција – 0,14%

Црна Гора – 0%

Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.

Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена:

Македонија – 91

Бугарија – 31

Србија -85

Хрватска – 4

Грција- 4

Црна Гора – 0

Албанија – 33

Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.

Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители  во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот:

Македонија – 8

Бугарија – 2

Србија – 2

Хрватска – 1

Грција – 1

Црна Гора – 0

Албанија – 1

Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно.

Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува.

Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев.