Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта во ек на пандемија сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство

Власта во ек на пандемија прави криминал и сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство до Македонија.

Нашите граѓани кои доаѓаат од странство, за разлика од луѓето од другите држави кои се гржат за сопствените држвјани, сами си го плаќаат превозот. Владата не покрива ништо!

Неажурноста на власта ги остава луѓето по цел ден во автобуси, без храна, вода и можност да излезат.

Власта фатена во криминал се жали за притисок. Притисок ќе има кога ќе имаме независно судатво и органи на прогонот кои ќе ги обелоденат матните зделки.

Одговорност мора да има. Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена.