August 8, 2022 18:38
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот итно разрешување на Азири кој се закани со кршење раце и нозе

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири.

На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери.

– Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години. Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори, нагласи Мицевски.

Во спротивно, како што рече, „доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување”.

– На потег е Владата и на потег е премиерот Димитар Ковачевски, заклучи Мицевски.

Aзири од својот Фејсбук како реакција на вчерашниот инцидент во Собранието на Македонија, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети, порача: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“.

Тој во меѓувреме го избриша постот,