Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени

Вчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши. Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски. Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг. Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се обединиме во вториот круг и да го нанесеме финалниот удар за пад на власта.

Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нови вести

Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Daniela

Доделени десет стипендии за талентирани средношколци и студенти

Daniela

Камчев и Оливера Трајковска ќе сведочат за „Тортура“

Igor