December 7, 2022 21:41
Свет

Влошена борбата против говор на омраза на интернет

Европската комисија во својот редовен извештај констатира дека компаниите покажуваат послаби резултати во борбата против говор на омраза онлајн.

Согласно Кодексот на однесување потпишан од големите интернет платформи со Европската комисија, тие редовно се предмет на евалуација. Оваа година резултатите се слаби, порачува Комисијата.

Стапката на ревидирани пријави во рок од 24 часа е намалена од 90,4 отсто во 2022 на 64,4 отсто во 2022. Само платформата ТикТок покажала подобри резултати оваа година од претходните.

Намален е и бројот на отстранети содржини, ако лани тој изнесувал 71 отсто, оваа година стапката е падната на 63,6 отсто, освен за Јутјуб.

За да се поддржи имплементацијата на потпишаниот Кодекс, платформите се согласиле за акциска рамка преку која компаниите се заложуваат за зајакнат дијалог со цел борба против говорот на омраза.