October 30, 2020 13:57
Скопје

Вложуваме во подобрување на инфраструктурата во Карпош и во заштита на животната средина и нови зелени површини

Во тек се активностите за реконструкција на улицата „Никола Парапунов” во населбата Карпош 4. Градот Скопје ја обновува оваа сообраќајница, која ги поврзува булеварите „Илинден” и „Партизански одреди”.

Покрај реконструкцијата на 580 метри од коловозот, целосно ќе се санираат и оштетените пешачки делови и рабниците.

Исто така, предвидено е да има и велосипедски дел, со што ќе се задоволат потребите за сите учесници во сообраќајот.

Во Карпош 4 следува реконструкција и на улицата „Вич”, со пристапните краци до станбените згради. Оваа инфраструктурна активност ќе биде спроведена од Општина Карпош.

За овој дел, важно е да се истакне и изведбата на новиот парк, од бунарите на реката Лепенец до спортско – качувачката карпа. Овој зелен простор, кој ќе се простира на повеќе од 70.000 м2 го прават Градот Скопје и Општината Карпош со заеднички средства.

Во изминатиот период, градската и локалната власт предводена од СДСМ покажаа како плански се работи на подобрување на инфраструктурата. Но, интензивно се работи и на заштита на животната средина и креирање на нови зелени површини, паркови, за спорт и рекреација на сите граѓани.