January 20, 2022 23:21
Спорт

Влаховиќ со два гола му го скрои првиот пораз сезонава на Милан

Фироентина предводена од српскиот интеранционалец Душан Влаховиќ му го скрои првиот пораз на Милан (4:3) сезонава во италијанската фудбалска Серија А. Тринаесеттото коло излезе малерозно за поранешниот италијански и европски првак Милан во натпревар во кој беа постигнати вкупно седум погодоци на двете страни на „Артемио Франки“.

Сѐ почна со грешка на Татарушану по корнер кога ја испушти топката и Данкан погоди за водство во 15-та минута, а Сапунара во првата минута од судиското надополнување во првиот дел со прекрасен гол го дуплираше водството. По еден час игра, Влаховиќ погоди за трет гол и убедливо водство. На сцена стапи Ибрахимовиќ со два гола за пет минути, прво во 62-та, па во 67-та минута и неизвесноста во мечот се врати, но „росонерите“ не успеваа да дојдат до вистинска позиција за трет гол, а кога почна да се одбројуваат последните пет минути, со прекрасен гол ја круниса Влаховиќ.

Во шестата минута од надополнувањето, Венути си даде автогол за само да го ублажи поразот на Милан, откако несреќно топката од пречката се одби од него во мрежата по ударот на Ибрахимовиќ.

Србинот Влаховиќ со овие два гола дојде до десет сезонава и е прв заедно со Чиро Имобиле од Лацио на листата на стрелци.

 

Со поразот Милан остана на 32 бода на второто место, но сега од Наполи зависи колку ќе избега, но наполитанците ги чека дерби со Интер утре, додека Фиорентина со победата, седма сезонава, има 21 бод и е шеста, на само четири бода од позициите за Лигата на шампионите.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

gogoanimehub GoGoAnime My Hero Academia Season 4

Bleach (Dub) Episode 358

Attack on Titan Season 3 (Dub)

goanime pe My Hero Academia

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 20