Свет

Властите во Венецуела тврдат дека повторно е воспоставено снабдување со струја во државата

Снабдувањето со струја е „100-проценти” воспоставено низ Венецуела, објави владата, додека снабдувањето со вода за пиење е 80 отсто обновено.

-Само градовите Барута и Хатило, во близина на главниот град Каракас, се уште се соочуваат со прекини во снабдуавњето со електрична енергија поради пожар во трафостаницата, изјави министерот за информации, Хорхе Родригез.

Прекинот со електричната енергија парализираше голем дел од земјата од четвртокот, со намалена испорака на вода, храна и гориво, како и извештаи за грабежи и луѓе кои умираат во болниците. Опозицијата ја обвини владата, додека претседателот Николас Мадуро ги обвини САД и опозицијата за кибер-напади врз енергетската мрежа во земјата.

-Тие се обидоа да ја уништат татковината со брутално злосторство, рече Родригез.

– Со прекин во снабдувањето со електрична енергија, тие сакаа да предизвикаат геноцид.

Јавниот обвинител Тарек Вилијам Сааб претходно објави дека лидерот на опозицијата и самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо ќе биде испитан за вмешаност во предизвикување на прекинот на снабдувањето со струја.Засега школите и факултетите се уште нема да работат.

Нови вести

Натали Портман: Не сум била во врска со Моби, тој е морничав стар човек

Valentina

Во Индонезија блокада на социјалните мрежи поради лажни вести

Valentina

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Igor