Македонија

Власта и опозиција во нов обид да се договорот за идниот статус на СЈО

Во Министерството за правда попладнево се одржува нова средба на работните групи на Владата и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да се постигне договор за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Владината работна група ја предводи министерката Рената Дескоска, а на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонио Милошоски и адвокатот Тони Менкиновски.

На последната средба што беше одржана завчера во Министерството за правда немаше никакво поместување во делот на разговорите.

-Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105 кој е клучната пречка во донесувањето на законот, а тоа е околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега. Се договоривме ВМРО-ДПМНЕ да направат одредени дополнитени консултации и се договоривме наредбата средба да биде во петок, да видиме по тие консултации каде ќе можеме да најдеме заеднички став,  изјави по завчерашната среба министерката за правда Рената Дескоска.

Таа повтори дека нивните црвени линии во донесувањето на законот се всушност во тој член со оглед на тоа што станува збор за член кој треба да овозможи продолжување на гонењето за сторени кривични дела и оти она што не може да биде прифатено во ниеден случај за Министерството за правда е внесување на одредби кои ќе значат скриена амнестија за одредени дела.

Според министерката за правда, веќе се кристализира дека СЈО ќе биде посебен орган, но тоа прашање, како што рече, целосно не е затворено, бидејќи сé уште се во фаза на постигнување договор.

Претставникот на опозицијата во преговорите Тони Менкиновски по средбата изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од принципот на владеењето на право што е преточено во амандманите.

Според него,  мандатот на СЈО е јасно дефиниран во законот, 18 месеци од добивањето на нелегно стекнатите прислушувани разговори.

Договорот за законот за јавно обвинителство е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

Нови вести

Сентаор Риш: Очекувам ратификација на Протоколот за НАТО во јуни

Daniela

Земјотрес почувствуван во околината на Берово и Пехчево

Daniela

Во хируршкото одделение во Струга заболени девет здравствени работници од морбили

Daniela