November 24, 2020 07:00
Магазин

Владо Георгиев распали по СЗО: Тие се сатанисти, никој не може да ве тера да носите маска

Српскиот пејач и композитор Владо Горгиев на „Твитер“ објави серија пораки од кои може да се заклучи дека е сериозно револтиран од денешната одлука на српскиот Кризен штаб за задолжително носење заштитни маски и на отворено.

„Дали е реално дека луѓето го трпат ова? Маски кои не заштитуваат од ништо да се носат на отворено? Наскоро ќе ви прават што ќе посакаат!“, им порача српскиот пејач на своите следбеници на социјалната мрежа.

Во продолжение, тој го објави и своето незадоволство од начинот на кој СЗО се справува со корона-кризата.

„Кризниот штаб и сите во комплет, заедно со глобалистичките сатански г***а СЗО, можат само да дадат препорака за носење маски, но никако да наредуваат, никој нема право да издава наредби за носење маски на кои пишува дека не се соодветна заштита. СЗО ботови – СТОП“, наведува Георгиев во следната објава.

Српскиот пејач изминативе недели беше една од главните теми во земјава, откако во скопскиот локал „Мош“ одржа концерт, на кои присутните воопшто не ги почитуваа мерките за носење маски и физичко растојание.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски денеска уште еднаш ја изрази својата увереност дека токму концертите и журките од изминатите недели се главната причина за зголемвањето на бројките на заразени во последните три дена.