Македонија

Владите на Македонија и Бугарија потпишаа неколку меморандуми за разбирање и декларации за соработка

Работата на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија која што се одржува во Софија, продолжи со втората пленарна сесија на министрите со која претседаваа премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков и на која беа презентирани основите, приоритетите и календарот на активностите на работните групи.

Во продолжение од Програмата на мешовитиот состанок на Владите на Република Бугарија и Република Северна Македонија, во рамките на официјалната посета на Софија на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, се потпишаа неколку меморандуми за разбирање, програми за соработка и договори.

Меморандум за разбирање за соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, руралните региони и шумското стопанство помеѓу Министерството за земјоделство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија потпишаа министрите Иван Иванов и Љупчо Николовски.

Министерот за економија во Владата на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за иновации и развој на Бугарија Даниел Лорер, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија и Извршната агенцијата за промоција на малите и средни претпријатија од Бугарија.

Министрите за транспорт и врски на Република Бугарија Николај С’бев и на Република Северна Македонија Благој Бочварски потпишаа Меморандум за либерализација на превозот на стоки за и од трети земји, како и декларација за намалување на цените на роамингот меѓу двете земји.

Министрите Бочварски и С’бев потпишаа и Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје–Софија преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот Коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија Софија-Скопје.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

ANIMEFLIX Redo of Healer Episode 12

How NOT to Summon a Demon Lord Ω Episode 4

Record of Ragnarok Episode 5

SK8 the Infinity (Dub) Episode 6