Македонија

Владејачките партии задоволни од Петков за напредокот во односите, опозицијата очекува членството на Македонија во ЕУ да не биде на сметка на бугарската историја

Владејачките партии во парламентот се задоволни од работата на владата на Кирил Петков за напредокот во односите со Република Северна Македонија (РСМ), а опозицијата очекува членството на РСМ во ЕУ да не биде на сметка на бугарската историја, пренсеува дописникот на МИА од Софија.

На барање на пратеничката група на ГЕРБ-СДС парламентот денеска го ислуша премиерот Кирил Петков за резултатите од размената на политичките посети меѓу двете земји, како и за преземените обврски меѓу нив.

Настимир Ананиев од „Промените продолжуваат“ упати честитки до премиерот Кирил Петков бидејќи, според неговите зборови, „приемот на Република Северна Македонија е важен за бугарскиот интерес и важно е ние всушност да го водиме процесот“. Ананиев се заблагодари за ваквото лидерство.

-Ваква средба меѓу двете влади во Бугарија се нема одржано од 2018 година, истакна тој. „Четири години ништо не е направено, но за две недели е направено толку колку што не е направено за четири години“, додаде Ананиев.

Даниел Митов од ГЕРБ-СДС истакна дека очекувањата од денешното ислушување на премиерот не се само тој да даде „извештај за последиците“, туку да даде гаранции за спроведување на препораките на Консултативниот совет за национална безбедност.

-Постигнувањето економска кохезија е само по себе добра работа, но не го одразува вистинскиот акцент на проблемите акумулирани меѓу двете земји, рече тој.

„Ако сте заробеник  на логиката дека е добро на СРМ да и се дозволи да почне преговори, а потоа некако во текот на овие преговори да се решат тешките прашања, должни сме да ве предупредиме дека овој пристап се покажа за неефикасен“, му кажа Митов на премиерот.

-Доколку вашиот сегашен пристап има за цел да крене облаци и комуникациска прашина и магла за да покаже дека нешто необично се случува меѓу двете земји, тогаш обидувајќи се да го продадете овој пристап како вистински резултати, вртејќи го грбот на вистинските проблеми, мора да ви укажеме дека таквиот план нема да функционира и ќе предизвика остра политичка и социјална реакција, додаде тој.

„Наш национален интерес секако е РСМ да биде полноправна членка на ЕУ, но не на сметка на бугарската историја и бугарското национално достоинство“, рече Митов.

Од вашите одговори дознавме дека самите сте си речиси самодоволни, дека се пред вас било лошо и сите други освен вас се лоши, изјави Мустафа Карадај од ДПС во името на пратеничката група. Карадај потсети дека постојаниот известувач на ЕП за СРМ е од Бугарија.

-Тој е бугарски европратеник, згора на тоа е претседател на едно од главните политички семејства во Европа и се вика Илхан Ќучук и од ДПС. Ние се залагаме за идејата дека не треба за секоја тема да чувствуваме обврска да бараме вештачки аргументи за спротивтсвувањата меѓу власта и опозиција, истакна тој.

Заменик-претседателот на парламентот и пратеник од „БСП за Бугарија“, Кристијан Вигенин изјави дека на денешното ислучување се потврди одговорноста на мнозинството во парламентот „да не го штити“ опозицискиот премиер.

-Ние не сме го слушнале доскорешниот премиер да зборува на темата РСМ, и, ако не се лажам, тој не беше ниту во салата кога се ратификуваше Договорот за добрососедство, рече Вигенин Вигенин е дециден дека односите со РСМ се тема за која владејачката партија и опозицијата треба да се обидат да одржат политички консензус.

Тој повика темата да не се користи за внатрешно-политички цели. Вигенин смета дека Националното собрание треба да има активна улога во процесите. Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“, Тошко Јорданов, коментираше дека темата е исклучително чувствителна за бугарскиот народ.

-Факт е дека односите меѓу двете земји беа на точка на замрзнување, рече тој. „Сметаме дека зајакнувањето на економските и културните врски ќе доведе до намалување на тензиите“, рече Јорданов. Ќе сакаме да имаме законски гаранции за заштита на правата на граѓаните на РСМ со бугарска самосвест. Јорданов кажа и дека вклучувањето на Бугарите како државотворен народ во Уставот е нешто што мора да се случи пред да го „отклучиме“ процесот на пристапување на РСМ во ЕУ.

-Вие, господине премиер, имате тешка задача, резимираше претседателот на пратеничката група на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.

Според него, Бугарија мора да ги реши важните проблеми пред да даде зелено светло на РСМ за членство во ЕУ, да најде начин за европско членство, пристапниот процес да биде платформата што ќе ни даде како да бараме решенија.

Иванов посочи дека бугарскиот став не е добро објаснет не само во Европа, туку „го губиме објаснувањето и во РСМ“. Вашиот пристап, кој за некои се чини дека е оптимистички, содржи се што можеме да поддржиме, обид да се пристапи со малку попозитивен тон, рече Иванов.

Тој посочи дека во Бугарија има висок степен на консензус за целите што ги поставивме. Има широк спектар на алатки – не само дипломатија, економија, поврзаноста, туку и теми кои влијаат на културната размена, информациското присуство на нашата земја во РСМ, рече тој. Затоа, нагласи пратеникот, потребен е поголем буџет за културата и за тоа треба да се разговара кога ќе се разгледа државниот буџет за оваа година во Народното собрание.

Претседателот на пратеничката група на „Преродба“, Костадин Костадинов, во својот говор се задржа на четири точки, врз основа на денешното сослушување на премиерот и постапувањето на Кабинетот во последните недели. Тој ја стави улогата на нашите партнери од ЕУ на прво место. Според него, ние не одиме на разговори, туку на извештаи и брифинзи и членството треба да го искористиме во наша корист. Второ, односите со Скопје не треба да се поставуваат како чисто економски или само политички, тие се поврзани со континуираните историски квалификации и репресии на бугарското малцинство во РСМ и тоа мора да им го кажеме на нашите партнери во ЕУ и на оние во странство, нагласи лидерот на „Преродба“. Тоа, според неговите зборови, значи дека мора немилосрдно да ги браниме нашите права и да не отстапиме ни педа.

-Македонското прашање ќе најде решение овде во Софија, дециден е Костадинов. Нашите македонски партнери се многу вешти во пропагандата, немаме пропаганда во ЕУ и во странство. Ние треба да сме оние, кои ќе го направат неопходното нашата историска вистина да се види однадвор, нагласи тој. И на крај, влезот на РСМ во ЕУ во нереформирана форма ќе биде за нас втора геополитичка катастрофа од 1944 година, со признавањето на македонската нација, посочи пратеникот.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

To Your Eternity

watch anime GoGoAnime My Hero Academia Season 2 (Dub)

Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 7

gogoanime1 GoGoAnime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

GoGoAnime Dragon Ball Z (Dub) Episode 291