June 21, 2021 17:58
Македонија

Владата ќе одржи редовна седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, која ќе започне во 12:00 часот, ќе биде разгледан Записникот од триесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10.5.2021 година, со Записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, одржан истиот ден.

Меѓу останатите точки, на дневен ред за разгледување се и Информацијата со Предлог за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи и Предлог – одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците, кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, во учебната 2021/2022 година, предложени од Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од 69-тата редовна Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

AniWatch watch anime online: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/QW7N/ep-2)

AnimeFreak anime freaks anime: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 1