October 15, 2019 23:44
Македонија

Владата ја разгледува потребата од пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанство

Владата на Република Северна Македонија на денешната 154-та редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од пристапување на Република Северна Македонија кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанство на Обединетите Нации од 1961 година.

Конвенцијата на Обединетите  Нации за намалување на бездржавјанството од 1961 година, е примарен меѓународен инструмент кој го третира проблемот на без  државјанството. Суштинска цел на Конвенцијата е да го пропише стекнувањето на државјанство за оние лица кои инаку би биле без државјанство и кои имаат соодветна врска со државата преку раѓање на нејзина територија или потекло од нејзини државјани, како и задржување на државјансвото од страна на оние лица кои би станале лица без државјанство доколку небрежно го загубат државјанството.

Пристапувањето кон оваа конвенција ги олицетворува начелата кои се општо прифатени во меѓународното право, а кои се содржани во други значајни конвенции, како и во Универзалната Декларација за човекови права на Обединетите Нации во која е предвидено дека секој има право на државјанство односно на ниту едно лице нема произволно да му се одземе државјанството, ниту пак, правото да го смени своето државјанство, со што се повикуваат државите „да усвојат правна регулатива за државјанството за целите на намалување на бездржавјанството, доследно на основните начела на меѓународното право.“

Нови вести

Лукаревска во Кичево: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, на прав пат сме

Igor

Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа Пендаровски

Igor

Спасовски во Кичево: Продолжуваме со концептот парите назад кај граѓаните, следува намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Igor